Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Учество на претставник на Црвениот крст на РСМ на обука за климатски промени

2024-11-11

Учество на претставник на Црвениот крст на РСМ на обука за климатски промени

Во периодот од 5-7 ноември 2024 година во Будимпешта, Унгарија регионалната канцеларија за Европа на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, организираше обука за климатски промени.

На обуката учествуваа претставници од Црвениот крст на Република Северна Македонија, Црвен крст на Германија, Црвен крст на Бугарија, Црвен крст на Естонија, Турска Полумесечина, Црвен крст на Хрватска, Црвен крст на Албанија, Црвен крст на Унгарија и Црвен крст на Киргистан, како и претставници на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Главната цел на обуката беше да се зајакнат  капацитетите на Националните друштва во Европа за навремен одговор и справување со климатските промени во заедничка соработка со властите и заедницата. На обуката учесниците имаа можност да се запознаат со техники и алатки за детектирање на потребите и капацитетите на заедниците како и нивна вклученост  за одговор во случај на катастрофи предизвикани од климатски промени.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025